Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Хидроцентрали ЈП Стрежево

Енергетско искористување на хидропотенцијалот

Електро - енергетско искористување на водите има статус на интегрален дел на задачите кои се поставени пред хидросистемот "Стрежево" – Битола, па според тоа и идеите за искористување на водите за енергетски цели се менуваа и еволуираа, респектираjќи ги забелешките и согласувањата произлезени од минатиот експлоатационен период од аспект на одржување на основните објекти на Хидросистемот и тенденцијата за поадекватно, поквалитетно и порационално задоволување на потребите на корисниците.

На таков начин, уште во фазата на прелиминарно конципирање на ХС “Стрежево” беа предвидени за изградба неколку хидроенергетски објекти (мали хидроелектрични централи) за искористување на расположливиот хидропотенцијал на хидросистемот и тоа: ХЕЦ "Стрежево", ХЕЦ "Стрежево", ХЕЦ "Биолошки минимум", ХЕЦ "Филтерница" и ХЕЦ "Довлеџик".

Во изминатиот период, без кредитирање, со акумулација на средствата од сопствените извори, се изградени и експлоатирани следниве хидроенергетски објекти (мали хидро централи): ХЕЦ "Стрежево" (1.09.1992), ХЕЦ "Биолошки минимум" (20.01.1994), ХЕЦ "Филтерница" (14.01.1997) и ХЕЦ "Довлеџик" (25.04.1997).

Со електро - енергетско искористување на расположливиот хидропотенцијал на хидросистемот "Стрежево" просечно годишно се произведуваат околу 9.53 GWh.

Во текот на 2013/2014 година е пуштена во работа уште една акумулациона – пригранска мала хидроцентрала ХЕЦ “Експлоатационен минимум”, со моќност од 1,5–2 GWh електрична енергија.

Од 01.02.2015 година за оваа последно изградена ХЕЦ е добиен и статус на попвластен произведувач на електрична енергија од обновливи извори (ОИЕ).

Вкупното максимално годишно производство од сите 5 (пет) мали хидроелектрични централи во ХС “Стрежево” изнесува за околу 12 GWh електрична енергија.

Технички карактеристики на малите хидроцентрали:

 

 strezevo

           ХЕЦ Стрежево

  • ТИП - акумулациона
  • Инсталиран проток - 8.100 l/s
  • Номинален бруто пад - 34 m
  • Тип на турбина - Francis
  • Номинална снага - 3x800 kW
  • Годишно максимално производство - 5.5 GWh
  • Фаза - експлоатација
 bioloski minimum

          ХЕЦ Биолошки минимум

  • ТИП - акумулациона
  • Инсталиран проток - 250 l/s
  • Номинален бруто пад - 65.00 m
  • Тип на турбина - Francis
  • Номинална снага - 132 kW
  • Годишно максимално производство - 0.8 GWh
  • Фаза - експлоатација
 filternica

          ХЕЦ Филтерница

  • ТИП - деривациона
  • Инсталиран проток - 300 l/s
  • Номинален бруто пад - 154.34 m
  • Тип на турбина - Pelton
  • Номинална снага - 380 kW
  • Годишно максимално производство – 2,15 GWh
  • Фаза - експлоатација
 dovlezik

         ХЕЦ Довлеџик

  • ТИП - деривациона
  • Инсталиран проток - 500 l/s
  • Номинален бруто пад - 117.98 m
  • Тип на турбина - Pelton
  • Номинална снага - 460 kW
  • Годишно максимално производство - 1.03 GWh
  • Фаза - експлоатација
 Nova centrala 7

         ХЕЦ Експлоатационен минимум

  • ТИП - акумулациона
  • Инсталиран проток – 800-1200 l/s
  • Номинален бруто пад - 32 m
  • Тип на турбина - Francis
  • Номинална снага - 340 kW
  • Годишно максимално производство - 2 GWh
  • ·Фаза - експлоатација