Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Порибување во „Стрежево“ со автохтона пастрмка

Согласно годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд од рекреативната зона на акумулација “Стрежево”, како и риболовната основа за истата, вчера 23.12.2015 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за Земјоделство и овластена институција од областа на рибарството – Институт за сточарство при УКИМ – Скопје, беше извршено порибување на акумулацијата “Стрежево”.

Порибувањето се изврши со рибен подмладок од автохтона македонска поточна пастрмка во количина од 200 кг.со единечна маса од 20-50 гр.  и вкупен број од околу 6000 единки .

Целта на порибувањето е да се зачуваат нашите автохтони видови на риба, а особено на македонската пастрмка која до пред десетина години беше во фаза на исчезнување.

 DSC 0542  DSC 0551
 DSC 0557  DSC 0521
 DSC 0597  DSC 0588