Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Ревитализација на главен цевковод G3

        ЈП “Стрежево” продолжува со проектот за ревитализација  и реконструкција на деталната цевководна мрежа.

    На 05.04.2017 година продолжи ревитализацијата на дел од главниот цевковод G3 односно 6Ц,  кој поминува помеѓу селата Оптичари и Логоварди.

       На овој цевковод,  кој е наменет за водоснабдување на земјоделски култури кои се протегаат од населбата “Буковски ливади” па се до река Црна, се јавуваат проблеми во функционирањето уште од времето кога е изведен. Дефектите се јавуваат после линискиот затворач  DN600, при што доаѓа до истекување на големи количини на вода кои не дозволуваат пристап на тој дел од теренот.  

   Било кој дефект после линискиот затворач значи прекин во водоснабдувањето на ЗК Пелагонија и значителен дел од индивидуалните земјоделски површини.

      Ревитализацијата на дел од овој цевковод, која се врши помеѓу два делнични цевководи во должина од околу 600 метри,  се изведува со замена на постоечките тесал цевки ф 600 со цевки од нодуларен лив (дуктилни цевки), а инвестицијата чини околу 10 милиони денари.

2 6
9 13
18 12