Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Уловени мрежи во акумулацијата "Стрежево"

      На 26-ти овој месец околу 19 часот , во м. в. залив Стрежево, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронајдени се три рибарски мрежи со вкупна должина од 60 метри со димензии на окца

45 x 45 милиметри кои не биле соодветно обележани и немале соодветен жиг од Државен инспекторат за земјоделство.

 

      Притоа, констатиран е прекршок согласно Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица по што мрежите се подигнати за понатамошна постапка. Мрежите, по консултација со надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.

      ЈП Стрежево ги известува граѓаните дека во следниот период  ќе продолжат да се вршат засилени контроли на акумулацијата Стрежево, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби, Македонската риболовна федерација и полицијата.

 

18195366 10210470355927526 31656768 o 18176020 10210470357487565 1958860555 o
18195343 10210470358047579 2121941782 o 18175793 10210470357927576 1636954077 o