Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Санација на главниот пристапен пат до акумулацијата во с. Лера

На 26.04.2018 година (четврток) се изврши санација на пристапниот пат до рекреативната зона Акумулација Стрежево од страна на јавното претпријатие Стрежево

Санацијата се изврши со сопствена механизиција.

DSC 0368 

 Пристапниот пат пред вчерашната санација беше во очајна состојба, долги години запоставен и на места многу оштетен, првенствено од надојдени води во пролетниот период. До крајот на оваа година претпријатието планира да постави на одредени места и цевки низ кои надојдената вода од дождовите и суводолиците ќе биде одведувана на соодветни места и ќе се оневозможи да врши оштетувања на пристапниот пат и преостанатите околни патишта кои водат до рекреативната зона Акумулација Стрежево.