Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ЈП „Стрежево“ целосно подготвено за сезоната за наводнување

direktor Strezevo 1

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола е целосно подготвено за сезоната за наводнување. Во акумулацијата на „Стрежево” во моментот се акумулирани вкупно 105.000.000 кубни метри вода, што е гаранција дека во летниот период ЈП „Стрежево” од Стрежевското Езеро ќе може да ги задоволи потребите не само за наводнување на површините на ЗК „Пелагонија“, кои се опфатени со системот, туку и на сите индивидуални земјодлци, а ќе има доволни количества на вода и за евентуалните потреби на ЈКП „Водовод”.

Ова го изјави директорот на ЈП „Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски.

Тој притоа ги повика сите индивидуални земјоделци, кои го користат системот „Стрежево“ за наводнување на своите земјоделски површини да дојдат во просториите на претпријатието и да склучат договори за наводнување на планираните и посадените култури, зашто во спротивно сите кои нема да склучат договори не ќе можат да ги користат услугите на ЈП „Стрежево“.

Директорот Граматковски на прес-конференцијата истакна дека цената на испорачаната вода од акумулацијата за сите корисници на вода за наводнување оваа година останува иста како и во минатата година и нема да се покажува.

Според Граматковски во моментот во акумулацијата „Стрежево“ има 105.000.000 кубни метри вoда што е рекордно количество на вода во акумулацијата.