Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

24-ТИ МЕЃУНАРОДЕН КУП “БИТОЛА 2019” ВО СПОРТСКИ РИБОЛОВ НА "АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО”

На 25.08.2019 година се одржа натпреварот во спортски риболов на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”. Натпреварот го посетија директорот на ЈП "Стрежево" - Битола - Методија Граматковски и Претседателот на УО - Добри Петровски. Натпреварот е меѓународен со учество на 10 (десет) екипи од нашата земја, Србија и Црна Гора. Организатор на натпреварот е ЗРРЕСК Црна Река - 1929 од Битола, а истиот е подржан од концесионерот ЈП “Стрежево“ - Битола. Натпреварот се одржа во дисциплината “пливка” (лов на риба со јадица на пливка), во поединечна и екипна конкуренција.
Натпреварот го след
еа и претставници (инспектори) од Државниот инспекторат за земјоделство. По завршувањето на натпреварот во спортски риболов "Битола Куп" 2019, се доделија признанија на најуспешните во поединечна и екипна конкуренција.

 

26.08.2019 01

Наградите во екипна конкуренција ги додели директорот на ЈП "Стрежево" - Битола, Методија Граматковски.Победници се ЗСРРК "Вардар" - Скопје, второ место - ЗСРРК "Кркушка"- Велес и трето место - ОСР "Морава 1925" - Чачак (Србија). Во поединечна конкуренција наградите ги додели Претседателот на Управниот Одбор на ЈП "Стрежево" - Битола, Добри Петровски. Редоследот на најуспешните е следен:1.Марјан Ристиќ (Вардар- Скопје); 2.Петар Булевски (Свети Апостол Павле - Охрид) и 3.Марјан Кралев (Кркушка - Велес).
Посебни индивидуални благодарници беа доделени од страна на Претседателот на ЗРРЕСК "Црна Река 1929" од Битола, Пеце Велевски на следните заслужни членови на здружението: Александар Прелевиќ, Стеван Ѓорѓиевски и Ѓорѓи Лозановски.
Натпреварот и доделувањето на наградите помина во одлична, пријателска и спортска атмосфера, како што впрочем и доликува на оваа традиционална и реномирана манифестација.

26.08.2019 02

ЈП “Стрежево“ - Битола оваа година дава особен придонес за продолжување на оваа долгодишна спортска традиција која претставува една од поважните обележја по кои рекреативната зона е препознатлива, а пред се' е во насока на развој на спортскиот и рекреативниот риболов.