Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Проширување на системот за наводнување

Во рамките на тековните активности на претпријатието набавени се цевки од дуктилно железо Ø 600 mm во должина од 2.904 m' од кои 648 m' за проширување на системот за наводнување во регионот на Општина Новаци  и 2.256 m' за потребите на ЈП "Стрежево" .

Согласно проектот за изградба на систем за наводнување во Општина Новаци на 2.000 ha кој е предвиден да се гради во четири фази по 500 ha, набавената должина е за изведба на главниот цевковод предвиден со првата фаза додека останата должина е предвидена за замена на главниот цевковод 6Ц од системот Стрежево со поголем профил како припрема за изведба на втора фаза од проектот за Општина Новаци.