Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Порибување на акумулација "Стрежево"

Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола согласно Годишниот план за заштита и стопанисување и риболовната основа, изврши порибување, односно збогатување на рибниот фонд на акумулацијата Стрежево со рибен подмладок од крап и автохтона македонска поточна пастрмка кој потекнува од репроцентарот Акватика-Неготино.

Акумулацијата е порибена со 170 килограми (околу 1000 парчиња) крап со просечна маса од 100-500 грама и пастрмка со  вкупна количина од над 150 килограми ( повеќе од 5000 единки) со просечна маса од 20-50 грама.

Според динамиката и предвидените активности, порибувањето ќе продолжи и во следната 2017 година.

DSC 0036 DSC 0039
DSC 0023 DSC 0038
DSC 0037