Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

ПОРИБУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИЈАТА СТРЕЖЕВО СО КРАП

Денес, 13.04.2019 година, пред голем број заинтересирани граѓани, се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” во согласност со риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистираниот репроцентар Акватика-Неготино.

Порибувањето се реализира со крап, со единечна маса на порибителен материјал од 50-800 грама и просечна маса од 200-300 грама. Порибувањето беше со средства од здружението на риболовци спортско-рекреативен клуб РИБАР 2011 од Скопје.

Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”). На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, претставници од репроцентарот Акватика од Неготино, членови на ЗРСРК Рибар 2011 од Битола, инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство и претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола, во следниот период ќе продолжи да врши порибувања на риболовната вода „Акумулација Стрежево”, на задоволство на сите љубители на риболовот и животната средина.

02 13.04.2019