Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Вода за летниот период доволно, набавен возен парк

Денес во стопанскиот двор на јавното претријатие “Стрежево“ средба со битолските новинари имаше директорот, Менде Граматковски, кој се осврна на неколку точки, на подготвеноста на претријатието за наредната летна сезона за наводнување, за работењето во изминатиот период, за набавката на новите возила, за изградбата на новата фотоволтаична централа…

За она што е најактуелно за овој период пред летните горештини, Граматковски за тоа колку вода има во акумулацијата “Стрежево“ и како ќе се одвива снабдувањето на земјоделците со вода за наводнување, за снабднувањето на РЕК “Битола“ и на граѓаните со вода за пиење рече:

-ЈП “Стрежево“ подготвено ја дочекува сезоната за наводување која започна на 20 мај, а во акумулацијата има доволно количина вода за сите потреби, вкупно 95 милиони кубни метри вода, која без проблеми ќе биде испорачана за сите корисници, земјоделците, РЕК “Битола“ и ЈП “Водовод“ како вода за пиење.

За изминатата година од работењето на “Стрежево“, директорот Граматковски, како се одвивало хронолошки рече:

-Домаќинското работење на раководниот тим и рационалното и наменско трошење на финансиските средства во претријатието доведе до зголенување на приходите, зголемена наплата и намалување на непродуктивните трошоци. Со успешно работење овоможивме да се реализираат повеќе проекти во изминатиот период електрична опрема на патеката и паркинзите на ски-ценатрот, инсталирање на опрема за мониторинг на вибрации во хидроцентралите, опрема за видео надзор на главниот канал, порибување на акулулацијата со речна поточна пастрмка и крап, санација на покривите на објектите на Брана и Рибник, проширување на мрежата за наводнување во Лисолај и Горно Оризари, изградба на засолниште од невреме (летниковец) на брегот од акумулацијата, изработка на интегриран софтверски пакет за успешно работење на секторите за наплата, јавни набавки, финансии и книговодство , комерција и општо правен.

Граматковски се осврна и на потпишувањето на потпишувањето на договорот за концесија на риби со Владата за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ”Акумулација Стрежево” потпишан со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како значаен дел од работењето на претпријатието.

За финансиите на “Стежево“, односно за билансот на успехот, Граматковски рече:

-Билансот на успехот во првото тримесечие од тековна година е  позитивно. Така во ова тромесечие (јануари – март 2019) во споредба со ланското тромесечие (јануари – март 2018)  приходите се зголемени за 19,1% или билансот на успехот во ова тримесечие е со нето-добивка без амортизација од 10.086.059 денари. Ова позитивно работење овозможува да ги реализираме планираните инвестиции на претпијатието согласно инвестиционата програма за 2019 година усвоена од Владата.

По подолг период “Стрежево“ комплетно го поднови возниот парк, а за оваа инвестиција која е од сопствени средства, како и останатите, директорот Граматковски, нагласи:

-Пред овогодишната сезона за наводнување со сопствени финансиски средсва го обновивме возниот парк на претпријатието со следните возила: три теренски сандучарски возила со погон на 4-те тркала, тип – Greatwall steet 6 (2 возила за сектор детална цевководна мрежа, 1 возило за сектор градежно одржување), три терески возила со погон на 4- те тркала, тип – лада нива (1 возило за сектор Брана, 1 возило за сектор производство на електрична енергија и 1 возило за сектор машинство), трактор тип Solis, (за сектор собирен канал), мулчер (ќе се користи на собирен канал, доводен канал, стопански двор, брана, ски центар), приколка за трактор, десет мопеди (наменети се зафати за вода на собирен канал, зафати за вода на главен канал, брана). Со оваа набавка ќе се овозможи навремено, побрзо и секако по економично работење во хидросистемот.

ЈП “Стрежево“ нема да застане тука со развојот на претријатието, а за тоа кои се плановите на раководниот тим и на директрот Граматковски, тој рече:

-Во “Стрежево“ секоја инвестиција е од сопствени средства, немаме донации, дотации, кредити и слични приходи, а така и ќе продолжиме понатаму. Во идниот период ќе вложиме во софтвер за динамичка регулација, инвестиции во хидромеханичка и електроенергетска опрема, инвестиции во реконструкција на цевководите и проширување на мрежата во село Породин, Секирани и Габалавци, а ќе се вложуваат средства и во останатите дејности како што е ски-центарот “Стрежево“ во Нижеполе, а за идната сезона ќе ја промениме на сајлата од ски-лифтот “Сапунџица“.

Средбата со новинарите, Граматковски ја заврши со најава на најголемата инвестиција во наредниот период:

-Посебно сакам да ја најавам најголемата инвестиција во претпријатието за оваа 2019 година, а тоа е отпочнување со градба на фотоволтаична централа со снага од 500 kW, со сопствени финансиски средства. Изготвена е физибилити студија, формирана е работна група и во нареден период очекуваме Владата да распиши тендер за доделување на премиум тарифи за изградба на вакви централи на сопствено земјиште. ЈП “Стрежево“ се придржува до изградба на капацитети за производство на чиста електрична енергија од обновливи извори. Стрежево со оваа инвестиција ќе допринесе во иднина покрај економските придобивки за претпријатието  и во помалото загадување на околината, а пресот Граматковски го заврши со неколку збора:

-И јавна институција може успешно да работи.

Објава 06.06.2019 02

Објава 06.06.2019 03

Објава 06.06.2019 04