Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Утре се отвора чајџилницата на Ски центарот Ниже Поле

Со особено задоволство Ве известуваме дека чајџилницата во рамките на ски центарот Ниже Поле започнува со работа од утре, сабота, 30.05.2020 година.

Ве покануваме да уживате во пријатниот амбиент, чист воздух, сонце и во прекрасната и уникатна природа.

Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола доследно ќе ги имплементира протоколите донесени од страна на Владата, со засилени санитарно-хигиенски мерки, ќе работи само отворениот дел од објектот, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Апелираме до граѓаните да се почитуваат мерките и препораките за превенција, мерките за држење на растојание, носење лична заштитна опрема и да нема групирање на граѓаните. Чајџилницата ќе работи секој ден.

Повелете, добредојдени сте