Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Порибување на акумулацијата „Стрежево”

Порибување на акумулацијата „Стрежево” 
 
Јавното претпријатие „Стрежево” - Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, денес изврши порибување на акумулацијата „Стрежево” со подмладок од пастрмка.
Порибувањето се реализираше во близина на браната "Стрежево" и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”, со сопствени финансиски средства со подмладок од пастрмка кој потекнува од репроцентарот Шум – Струга (околу 5000 единки, со единечна маса до 70 грама).
 
На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, Овластената установа изработувач на Риболовната основа за акумулација Стрежево, членови на риболовните здруженија од Битола, инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и медиумите.
 
Денешните активности ја манифестираат одговорноста и обврската на Стрежево за грижа за животната средина.
 
Во време на големи предизвици, Стрежево продолжува да вложува во заштитата и унапредувањето на животната средина, како и во подобрувањето на квалитетот на нашите услуги по веќе трасиран пат.