Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Порибување на акумулација " Стрежево"

На 26.03.2015 година се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” во согласност со риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистриран репроцентар – репроцентарот Топлец-Дојран, кој е дел од Институтот за сточарство (УКИМ-Скопје), со кој ЈП „Стрежево”- Битола има склучено договор за вршење на услуга- „набавка на порибителен материјал”.

Порибувањето  се изврши со крап, во количина од 150 килограми, со просечна маса на порибителен материјал од 100-500 грама односно  околу 1000 парчиња, а во реализирањето особен придонес дадоа ЗРСРК “Рибар” 2011 – Скопје.

Според динамиката и предвидените активности, порибувањето во календарската 2015 година ќе се изврши уште два пати и тоа  во периодот септември-декември.

Порибувањето претставува обврска од „Договорот за давање под концесија на риби за организирање на рекреативен риболов (2012-2018година)“ но истовремено е искрена заложба на претпријатието во насока за збогатување на рибниот фонд во рекреативната зона „Aкумулацијата Стрежево” на задоволство на сите љубители на риболовот и рекреативните риболовци.

Јавното претпријатие „Стрежево" – Битола согласно своите надлежности и планови, веќе четврта година по ред превзема активности за порибување на акумулацијата „Стрежево" со единствена цел - збогатување на рибниот фонд на акумулацијата.

   11077845 10204866606157284 3389079364391395034 o  10708793 10204866602597195 7329092927037592567 o