Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Порибување,натпревари и физичка заштита на акумулација "Стрежево"

Натпревари во спортски риболов

Секоја година ЈП "Стрежево"вложува напори и дава особен придонес за продолжување на долгогодишните и традиционални натпревари во спортски риболов

кои се одржуваат на рекреативната зона “Акумулација Стре­жево”, кои се во организација на МШСР “Црна Река” – Битола:

-       Општински натпревар во спортски риболов “Битола”;

-       Меморијален куп “Христо Пандиловски - Мачорот” (меѓународен куп во спортски риболов односно деветти посветен на Христо Пандиловски).

Порибување

Акумулацијата “Стрежево”се порибува секоја годинасогласно Риболовната основа, со порибителен материјал од пастрмка, крап, толстолобик и јагула, кој потекну­ва од регистрирани репроцентри.

Согласно Риболовната основа за рекреативната зона Aкумулација “Стрежево“,порибува­ња­та се извршуваат во периодот од септември до декември.

За оваа намена се планирани средства во вкупен износ од 300.000,00 денари на годишно ниво.

Количина и видови на риби за годишно порибување на акумулацијата

вид на риба

број на единки

за порибување

просечна маса на порибителен материјалво g вкупно риба за порибување во kg
автохтона пастрмка* 5.000 20 ÷ 50 100 ÷ 250
крап* 1.000 100 ÷ 500 100 ÷ 500
толстолобик 4.000 50 ÷ 500 200 ÷ 2.000
сом     20 200 ÷ 1000 -
друга бела риба и јагула     100 ÷ 300

*Задолжителни видови на риби и количини за порибување, согласно мислењето на изработувачот на риболовната основа, овластена установа од областа на рибарството и изготвувач на позитивното мислење за годишниот план- Институт за сточарство при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.

Порибување на рекреативната зона Aкумулација “Стрежево“ со други видови риби, може да се изврши на барање на концесионерот, а по претходно добиено мислење од овласте­на­та институција од областа на рибарството.

Физичка заштита на акумула­ци­ја­та “Стрежево”

ЈП "Стрежево" Битола формира рибочуварска служба за заштита и одржување на рибниот фонд во акумула­ци­ја­та “Стрежево”.

Во изминатиот период се запленети недозволени риболовни средства, опрема за вршење на риболов и чамци. Против повеќе лица рибокрадци е поведена и соодветна судска постапка.

ЈП "Стрежево" - Битола, веќе воспостави тесна и плодна соработка со рекреативните риболовци - Спортските риболовни друштва кои гравитираат кон оваа рекреативна зона, која соработка се состои во присуство на рекреативните риболовци при вршење на контроли и акции пред се како сведоци, но и помош при еви­де­нтирање на прекршителите, фотографирање, снимање и изработка на документација на лице место, следење на активностите на лицата покрај риболовната вода и навремено известување на рибочуварската служба во случај на недозволени активности.