Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Стратегија за деловен пресврт и одржливо работење

Со цел да се обезбеди детална анализа и дијагностика на досегашното работење, да се идентификуваат клучните проблеми, како и да се понуди стратегија за деловен пресврт и одржливо работење, во склоп на проектот на USAID за развој на мали и средни претпријатија, се изработи стратегија за деловен пресврт и одржливо работење на ЈП "Стрежево".

            Документот е наменет за интерните потреби на ЈП "Стрежево"  и треба да послужи како основа за обезбедување поддршка и средства за изработка на идеен проект за реконструкција и надградба на системот и сеопфатна и детална физибилити студија, со цел детално дефинирање на потребните инвестиции, фазите на имплементација и стратегијата за финансирање на проектот, како и останатите параметри клучни за успешна реализација на предложената стратегија за деловен пресврт.

            Користената методологија ги покрива следните активности:

-       Спроведување на дијагностика на сегашниот статус и историското работење;

-       Дефинирање и формулирање на цели на стратегијата за деловен пресврт на ЈП "Стрежево";

-       Груба проценка на големината и структурата на потребниот капитален буџет;

-       Дефинирање на фази на имплементација на проектот;

-       Проценка на потенцијалот за одржливо работење и проектно финансирање со долг.

Стратегијата е изработена од познати експерти, од консултантската куќа POINT PRO Consulting, а во неа е опфатен целокупниот опфат на дејности на ЈП "Стрежево".

brana jp strezevo 01