Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Обновување на возниот парк

Со цел обновување и подобрување на возниот парк на  ЈП "Стрежево", во тек е постапка за  набавка на Моторни возила и мотоцикли

 и тоа: 5 Теренски возила,  1 товарно возило со вграден систем за ладење во товарниот простор (термо кинг), 1 патничко возило од средна класа и 5 мотоцикли за теренски и патни услови.

            Возниот парк на ЈП "Стрежево" е доста стар и тоа се одразува врз ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи на вработените. Брзината на интервенирање како и безбедноста на вработените кои ги користат овие возила се најбитни компоненти во работењето и затоа претпријатието посветува внимание оваа и наредните две години да се изврши комплетна промена на возниот парк со посовремени и побезбедни возила.

Во меѓувреме се добиени седум возила од Агенцијата за запленет имот, а до крајот на годината ќе се добијат уште две половни возила. Со тоа значително ќе се подобри состојбата со застареноста на возниот парк.