Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Зголемување на наплатата

Како резултат на добрата наплата на ЈП "Стрежево" -  Битола кај своите корисници, како во индивидуалниот сектор така и во индустрискиот сектор, овозможи претпријатието  преку целата година успешно да ги сервисира и своите обврски спрема добавувачите.

Високиот процент од 95% на наплата се должи на блиската соработка со водокорисниците, присутноста на теренот и професионалноста на секторот за експлоатација, што исто така придонесе да се избегнат судските спорови.

Остварувајќи позитивно работење и тоа 19.874.055,oo денари во  2014 година резултира со вложување на средства во насока на набавка на нова опрема односно осовременување на опремата и средствата на претпријатието. 

Најекономично работење од постоењето на рибникот 

Рибникот кој е во склоп на ЈП "Стрежево" -  Битола за одгледување на автохтона пастрмка со свој единствен квалитет препознатлив во Битола, Прилеп, Охрид па и пошироко, во тековната 2014 година ги забележа следните резултати:

-Рибно производство на калифорниска пастрмка  34.535kg.

-Вкупна продажба на црвена и бела калифорниска пастрмка 40.259kg.

-Коефициент на конверзија на храна при производство на калифорниска пастрмка (потрошено храна за произведен еден килограм риба) а како резултат на домаќинското работење на вработените на рибник, изнесува  1,18kg храна : 1kg риба што е најнизок коефициент на конверзија од постоењето на рибникот.