Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Состојба на системот за водоснабдување

Со оглед на подолгиот период на почетокот на годината кој изобилуваше со големи количини на врнежи, настанаа големи промени на почвата и земјиштето околу каналите и цевководната мрежа со кои се врши водоснабдување.

Тоа доведе до ерозија на земјиштето, до појава на нови свлечишта и активирање на веќе постоечките. Со цел да се избегне опасноста од натамошни оштетувања на системот за водоснабдување на индустријата и земјоделието се превземаат мерки на заштита и санација (и покрај доволните количини на вода во акумулацијата)  се оди со намален капацитет на вода кој транзитира низ каналите, а сепак според најавените потреби од корисниците. Целокупната состојба налага дисциплина во користењето на водата од сите инволвирани субјекти. Апелираме за рационално користење на водата и  домаќинско однесување со хидроопремата, се со цел навремено дистрибуирање на вода до корисниците.

Воедно, сакаме да информираме дека Градежен  факултет-Скопје    изработи  Основни проекти  за санација на свлечиштето Г-0 и свлечиштето на Главен доводен канал на км 12+700, на кои санационите работи веќе се во тек.

За другите шест свлечишта, за кои геолошко-истражните работи се направени од Градежен факултет-Скопје, објавен е оглас за изработка на основни проекти за санација.

По завршувањето на секој основен проект за дадено свлечиште,  веднаш се пристапува кон негова реализација.

20150708 112129 20150708 112333
20150708 112117 20150708 112502
11750984 10206026924367204 326715282 o 11748237 10206026924127198 1052754070 o
P1010141 11733794 10206026924287202 759737596 o