Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

20-ти Меѓународен куп во спортски риболов

     Здружението на спортски риболовци  “Црна Река”- Битола во соработка со ЈП”Стрежево”-Битола, концесионер на рекреативната зона “Акумулација Стрежево” , на 13.09.2015 година го одржаа традиционалниот 20-ти Меѓународен куп во спортски риболов, кој од пред девет години е посветен на прерано починатиот риболовец од Битола, Христо Пандиловски – Мачорот.

     Риболовците од Македонија и Србија се натпреваруваа во дисциплината “пливка”, а меѓу осумте екипи најуспешни беа риболовците од здружението “Црна Река 1929”- 2 екипа, второ место “Јужна Морава”-Врање (Србија), а трето место “Црна Река 1929”-1 екипа, додека поединечно: прво место Арифовски Адријан; второ место Статовски Драганчо  и трето место Казаков Славче/Миров Миланчо.

     Организаторот на Меѓународниот натпревар во спортски риболов „Христо Пандиловски“ - ЗРРЕСК „Црна Река" 1929 од Битола, на ЈП „Стрежево“ - Битола му додели Благодарница за особен долгогодишен придонес во развојот на спортскиот и рекреативниот риболов.

     Исто така, ЈП”Стрежево”- Битола секоја година врши порибување на риболовната вода согласно Законот, договорот за концесија и риболовната основа.

11973424 10200644374069880 136885810 o 11984374 10200644376749947 1560259518 o
12011658 10200644377389963 794515529 o 12011572 10200644265907176 1176102812 o
11999951 10200647198980501 708043718 n 12003405 10206049675653282 5301561890983778109 n