Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Рехабилитација на главниот цевковод 6Ц

    Практично со почетокот на рехабилитацијата на главниот цевковод 6Ц започнуваме со акцијата за промена на дел од цевководната мрежа во должина од 7 километри.

          На главниот цевковод 6Ц кој е наменет за водоснабдување на земјоделски култури кои се протегаат од населбата “Буковски ливади” па се до река Црна, се јавуваат проблеми во функционирањето уште од времето кога е изведен. Дефектите се јавуваат после линискиот затворач  DN600, при што доаѓа до истекување на големи количини на вода кои не дозволуваат пристап на тој дел од теренот.

        Било кој дефект после линискиот затворач значи прекин во водоснабдувањето на ЗК Пелагонија и значителен дел од индивидуалните земјоделски површини.

       Рехабилитацијата на делница од овој цевковод се изведува со замена на тесал цевките со цевки од нодуларен лив (дуктил цевки).

       Оваа акција по големина е прва после изградбата на системот за наводнување.

ATT 1443699643931 2015 10 01 11.20.53 2015 10 01 11.21.22
2015 10 01 11.21.14