Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Обновување на цевководната мрежа

      Дистрибутивната мрежа на ЈП “Стрежево” ја сочинуваат цевководи во должина од повеќе од  550 km, распространети низ Пелагонија, на површина од 20.000 хектари.

      За жал, повеќе од 30 години не е инвестирано во промена на тие цевководи и затоа дел од нив се подложни на чести дефекти, а некои се и вон функција. Со цел да се подобри ситуацијата, ЈП “Стрежево” одлучи да набави две машини за лепење на полиетиленски цевки, како и цевки за замена, во должина од  околу 4 km во првата фаза, со што отпочнуваме со промена на цевководите кои се најоштетени. Исто така, деновиве се изврши презентација и обука на тимовите кои ќе работат со новата опрема.

      Активностите ќе се одвиваат перманентно во текот на целата година, со што значително ќе се подобри сегашната ситуација со водоводната мрежа. 

2015 10 02 12.37.39 2015 10 02 12.56.53
2015 10 02 13.03.21 2015 10 02 13.12.00