Ј.П. "Стрежево" целосно подготвено за сезоната за наводнување

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола е целосно подготвено за сезоната за наводнување. Во акумулацијата на „Стрежево” во моментот се акумулирани вкупно 105.000.000 кубни метри вода, што е гаранција дека во летниот период ЈП „Стрежево” од Стрежевското Езеро ќе може да ги задоволи потребите не само за наводнување на површините на ЗК „Пелагонија“, кои се опфатени со системот, туку и на сите индивидуални земјодлци, а ќе има доволни количества на вода и за евентуалните потреби на ЈКП „Водовод”.

 Ова го изјави директорот на ЈП „Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски.

Повеќе: Ј.П. "Стрежево" целосно подготвено за сезоната за наводнување

Санација на главниот пристапен пат до акумулацијата во с. Лера

На 26.04.2018 година (четврток) се изврши санација на пристапниот пат до рекреативната зона Акумулација Стрежево од страна на јавното претпријатие Стрежево

Санацијата се изврши со сопствена механизиција.

Повеќе: Санација на главниот пристапен пат до акумулацијата во с. Лера

Порибување на акумулацијата Стрежево со крап

На 18.10.2017 година, се изврши порибување на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” во согласност со Годишниот План за заштита и сто­па­ни­су­ва­­ње со рибите во рекреативната зона “Аку­му­­лација Стрежево” за 2017 година и риболовната основа за оваа риболовна вода со рибен подмладок набавен од регистираниот репроцентар Акватика-Неготино. 

Повеќе: Порибување на акумулацијата Стрежево со крап

Страница 23 од 53