Известување за ски центар „НИЖЕ ПОЛЕ“

Скијачкиот центар „Ниже Поле" ги известува сите вљубеници во зимските спортови дека причината поради која ски лифтовите не отпочнаа со работа е малата снежна покривка од 20 см снег.

За непречено функционирање потребна е снежна покривка од најмалку 30 см снег. Заврнатиот снег е натапкан , а ски лифтовите се подготвени по сите технички стандарди, за што е добиена  дозвола за  работа од Министерство за транспорт и врски.

Бачилото е комплетно реновирано и ќе стратува со работа овој викенд.

Повеќе: Известување за ски центар „НИЖЕ ПОЛЕ“

ЈП“Стрежево” за заштита на животната средина

Со цел намалување на загадувањето на животната средина, како и контрола и заштеда на енергијата, ЈП“Стрежево” презема низа активности.

Извршено е редовно чистење, преглед, контрола и испитување на системот за греење, заради намалување на штетните емисии во воздухот од согорувањето. За таа цел, а во насока на препораките од Министерството за животна средина, беше ангажирана компанија која професионално се занимава во таа област.

Повеќе: ЈП“Стрежево” за заштита на животната средина

Порибување во „Стрежево“ со автохтона пастрмка

Согласно годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд од рекреативната зона на акумулација “Стрежево”, како и риболовната основа за истата, вчера 23.12.2015 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за Земјоделство и овластена институција од областа на рибарството – Институт за сточарство при УКИМ – Скопје, беше извршено порибување на акумулацијата “Стрежево”.

Повеќе: Порибување во „Стрежево“ со автохтона пастрмка

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Наплатниот центар на ЈП"Стрежево" - Битола од денес 24.12.2015 година, ќе работи од 7:30 - 16:30 часот.

Страница 37 од 55