СООПШТЕНИЕ

Ј.П. "Стрежево" - Битола им соопштува на сите граѓани дека сезоната за наводнување 2019 година е започната. Од тие причини во главниот канал и останатите објекти се пуштат поголеми количини на вода, поради што СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА движење и задржување на граѓаните (минувачите) околу истите. 

Сето ова е заради заштита на нивната безбедност и безбедност на нивните најблиски.

Вода за летниот период доволно, набавен возен парк

Денес во стопанскиот двор на јавното претријатие “Стрежево“ средба со битолските новинари имаше директорот, Менде Граматковски, кој се осврна на неколку точки, на подготвеноста на претријатието за наредната летна сезона за наводнување, за работењето во изминатиот период, за набавката на новите возила, за изградбата на новата фотоволтаична централа…

Повеќе: Вода за летниот период доволно, набавен возен парк

Во Пелагонија нема опасност од поплави, Стрежевската акумулација подготвена да ги прифати надојдените води

Нема место за страв од поплави по земјоделските површини во Пелагонија и покрај обилните врнежи дожд зашто Стрежевската акумулација е подготвена да ги прифати надојдените водотоеци, соопшти Менде Граматковски, директор на Јавното претпријатие  “Стрежево”.

Повеќе: Во Пелагонија нема опасност од поплави, Стрежевската акумулација подготвена да ги прифати...

После 40 години нивите во Лисолајско поле ќе се наводнуваат

После 40 години Јавното претпријатие Стрежево денес за прв пат ќе започне со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во с.Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880м во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2 000 000 денари.

Повеќе: После 40 години нивите во Лисолајско поле ќе се наводнуваат

Страница 17 од 44