Ј.П. "Стрежево" склучи договор за концесија

Јавното претпријатие "Стрежево" и Владата на Република Македонија потпишаа договор за концесија на риби за организирање рекреативен риболов на рекреативната зона " Акумулација Стрежево"

Денес Ј.П. "Стрежево" - Битола склучи договор за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во времетраење од шест години (2019-2024 година).

Повеќе: Ј.П. "Стрежево" склучи договор за концесија

Ј.П. "Стрежево" одбележа 40 години постоење

Под мотото “Водата е живот” Ј.П. “Стрежево” - Битола со повеќе активности ја одбележа 40 годишнината од основањето. Одбележувањето на јубилејот започнаа во Ј.П. “Стрежево”, во присуство на голем број на гости, блиски соработници на ова јавно претпријатие како и поранешни и сегашни вработени во претпријатието.

Повеќе: Ј.П. "Стрежево" одбележа 40 години постоење

Ј.П. "Стрежево" целосно подготвено за сезоната за наводнување

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола е целосно подготвено за сезоната за наводнување. Во акумулацијата на „Стрежево” во моментот се акумулирани вкупно 105.000.000 кубни метри вода, што е гаранција дека во летниот период ЈП „Стрежево” од Стрежевското Езеро ќе може да ги задоволи потребите не само за наводнување на површините на ЗК „Пелагонија“, кои се опфатени со системот, туку и на сите индивидуални земјодлци, а ќе има доволни количества на вода и за евентуалните потреби на ЈКП „Водовод”.

 Ова го изјави директорот на ЈП „Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски.

Повеќе: Ј.П. "Стрежево" целосно подготвено за сезоната за наводнување

Санација на главниот пристапен пат до акумулацијата во с. Лера

На 26.04.2018 година (четврток) се изврши санација на пристапниот пат до рекреативната зона Акумулација Стрежево од страна на јавното претпријатие Стрежево

Санацијата се изврши со сопствена механизиција.

Повеќе: Санација на главниот пристапен пат до акумулацијата во с. Лера

Посета на амбасадорот на Република Франција на ЈП Стрежево Битола

Во петок, на 23 февруари амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Н.Е. Господинот Кристиан Тимоние, придружуван од почесниот конзулл на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, го посети  ЈП Стрежево во Битола. На средбата амбасадорот разговараше со директорот г. Методија Граматковски за можностите за модернизација на хидросистемот за наводнување и водоснабдување.  

Повеќе: Посета на амбасадорот на Република Франција на ЈП Стрежево Битола

Страница 18 од 42