ХУМАНОСТА НА ПРВО МЕСТО, СТРЕЖЕВО ДОНИРАШЕ ВО ОУ "ЃОРЃИ СУГАРЕВ" - БИТОЛА

Јавното претпријатие „Стрежево” - Битола, како општествено одговорна институција се откажа од традиционалното новогодишно украсување на управната зграда со единствена цел - тие средства од сопствени ресурси да ги намени во подобрување на образовните капацитети преку донација на нагледни средства и уредување на просториите во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола.

Повеќе: ХУМАНОСТА НА ПРВО МЕСТО, СТРЕЖЕВО ДОНИРАШЕ ВО ОУ "ЃОРЃИ СУГАРЕВ" - БИТОЛА

AКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Вработените во јавното претпријатие Стрежево - Битола, членовите на управниот и надзорниот одбор масовно се приклучија на акцијата организирана од страна на Владата кон граѓанската иницијатива  „Не биди ѓубре“, под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.

Повеќе: AКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Со пошумување на свлечиште, хидросистемот Стрежево прославува 41-на година од основањето

Денес прославуваме 41-на година од основањето на хидросистемот Стрежево (1978). Ако минатата година основањето на претпријатието го прославивме со свечена академија оваа година се одлучивме роденденот на фирмата да го одбележиме и прославиме со пошумување на ридовите на свлечиштето настанато во 2015 година на нашиот Главен канал за испорака на сирова вода.

Повеќе: Со пошумување на свлечиште, хидросистемот Стрежево прославува 41-на година од основањето

Битолскиот муфтија во работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево”

Битолскиот муфтија, Амит Расими денес имаше работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола. Во рамките на посетата, оствари средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната соработката и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработката меѓу Исламската верска заедница од Битола и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.

Повеќе: Битолскиот муфтија во работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево”

Страница 14 од 50