Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите

На ден 14-15.02.2015 година ЈП “Стрежево” организираше хуманитарна акција – хуманитарен викенд на ски центарот “Нижеполе” за помош на настраданите во поплавите што го зафатија Пелагонискиот регион при што беа собрани 151.000 денари. Половина од собраните средства веќе се донирани за лекување на битолчанецот Давид Домазетовски а втората половина од средствата на предлог на градоначалниците на општините Новаци и Могила донирани се на најзагрозените семејства и тоа: Костовски Драги - Ношпал; Благоја Цветаноски - Вашарејца; Секирски Васко - Могила; Станко Мицевски - Новаци; Пецо Шурбевски - Новаци и Илија Николовски - Оптичари.

Повеќе: Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите

Проширување на системот за наводнување

Во рамките на тековните активности на претпријатието набавени се цевки од дуктилно железо Ø 600 mm во должина од 2.904 m' од кои 648 m' за проширување на системот за наводнување во регионот на Општина Новаци  и 2.256 m' за потребите на ЈП "Стрежево" .

Повеќе: Проширување на системот за наводнување

Доделени возила според Одлука на Влада на Р.М

Според одлука на Влада на Р.Македонија за отстапување на возила без надомест, Агенцијата за управување со одземен имот е задолжена да ни отстапи моторни возила со кои би се подобрила состојбата на возниот парк.

Повеќе: Доделени возила според Одлука на Влада на Р.М

Свлечиште - Главен доводен канал

Како последица на поројните врнежи кои ја зафатија Пелагонија се појавија повеќе свлечишта по трасата на Главниот доводен канал. 

Новопојавеното свлечиште во зоната на зафатната градба Г0 на главниот доводен канал за РЕК Битола, се манифестира со пукнатини и локални слегнувања на теренот што доведе до појава на пукнатини во армиранобетонската конструкција.

Повеќе: Свлечиште - Главен доводен канал

Страница 38 од 39