Пријавени рекордни површини за наводнување

     ЈП "Стрежево" до 12 јуни 2015 година склучуваше договори со заинтересираните корисници на вода за наводнување од хидросистемот. И оваа година продолжи тенденцијата на пораст на пријавените површини.

Повеќе: Пријавени рекордни површини за наводнување

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ЈП "Стрежево"– Битола, Ве известува дека крајниот рок за пријавување на површините за наводнување е до

(петок) 12.06.2015 година

Бесплатен телефон за пријава на потреба за вода и дефекти

Тел:  0800 50 555

Координативен состанок со Претседатели на Месните Заедници

Земајќи во предвид  дека ЈП "Стрежево"- Битола е една од најтранспарентните јавни институции, во тој контекст денес, 05.06.2015 година се одржа состанок со Претседателите на Месните заедници  кои користат вода за наводнување од ХС Стрежево.

Повеќе: Координативен состанок со Претседатели на Месните Заедници

Известување

ЈП" Стрежево"–Битола Ве известува дека на барање на Сојузот на земјоделци на Македонија, заради актуелната состојба на закаснети насади и посеви, рокот за склучување на договори за наводнување со водокорисниците е пролонгиран, со Одлука бр.02-355/14 од 22.05.2015 година.

Пријавување на површините коишто ќе се наводнуваат е заклучно со 12.06.2015 година.

Потребни документи за пријавување:

-       Лична карта за идентификација

-       Имотен лист за ажурирање на податоците (доколку има промена)

За наводнување без договор и неконтролирано пуштање на вода од хидрантите, ЈП"Стрежево"–Битола ќе превземе мерки согласно позитивните законски акти и сторителите ќе бидат најстрого санкционирани.

Страница 37 од 43